Кредитна линија од 400 милиони евра од ММФ

Bez autora
Oct 10 2010

Македонија е прва земја на која Меѓународниот монетарен фонд и нуди кредитна линија од 400 милиони евра со ниска каматна стапка. Од Министерството за финансии информираат дека Владата дополнително ќе разговара за средствата од новата кредитна линија. Оваа линија претставува нов инструмент кој е наменет за земји со стабилна економска политика. Вицепремиерот Ставрески вчера се сретна со шефот на мисијата на ММФ во Македонија Вес Мекгру, а во рамките на посетата на Вашингтон планирано е да се состане со потпретседателот на Светска банка Филип Леру и директорката за Македонија Џејн Армитаџ, како и со високи претставници од ММФ и Светска банка, Најуки Шинонара и Руд Треферс. Есенските состаноци на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година. На нив учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите членки, кои дискутираат за актуелните случувања во светската економија и на теми како намалување на сиромаштијата и поттикнување на економскиот раст.

Кредитна линија од 400 милиони евра од ММФМакедонија е прва земја на која Меѓународниот монетарен фонд и нуди кредитна линија од 400 милиони евра со ниска каматна стапка.

Од Министерството за финансии информираат дека Владата дополнително ќе разговара за средствата од новата кредитна линија. Оваа линија претставува нов инструмент кој е наменет за земји со стабилна економска политика.

Вицепремиерот Ставрески вчера се сретна со шефот на мисијата на ММФ во Македонија Вес Мекгру, а во рамките на посетата на Вашингтон планирано е да се состане со потпретседателот на Светска банка Филип Леру и директорката за Македонија Џејн Армитаџ, како и со високи претставници од ММФ и Светска банка, Најуки Шинонара и Руд Треферс.

Есенските состаноци на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година. На нив учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите членки, кои дискутираат за актуелните случувања во светската економија и на теми како намалување на сиромаштијата и поттикнување на економскиот раст.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik